Паника кај жителите на Србија: И се закануваат торнада
Мини-торнада и се закануваат на Србија веќе од понеделник. За непогодата алармираат од Управата за хидрометеоролошки работи на соседната земја.
На официјалната веб-страница на оваа институција пишува дека в понеделник, 30-ти јуни, се очекува локална појава на краткотрајни непогоди, проследени со обилни врнежи од дожд, град и силен ветер.
Чувајте ги главите, ќе летаат покриви – се некои од насловите во српските медиуми, кои пренесуваат изјави на експерти кои велат дека ова не се торнада како во САД, туку мини-циклони кои, сепак, имаат сила да вовлечат покрив од куќа или дрво.
Воздушните вртлози наликуваат на труба или сурла од слон која се спушта од долните делови на облаците кон земјата и при тоа многу брзо се врти.
Растот на температурите од еден степен поради климатските промени доведува до зголемување на концентрацијата на водена пареа во атмосферата за шест до седум проценти, што се поволни услови за појава на поголеми временски непогоди, велат експерти за климатски промени.
Во последните 30 години Српската метеоролошка служба регистрирала четири вакви силни удари, неодамна петтиот, а за во иднина се предвидува дека ваквите настани ќе зачестат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа