И дале отказ зошто сакала да се самоубие во работно време

 

Општински суд во Загреб и дал отказ на хигиеничарка која се обидела да се самоубие со скок од зграда на тој суд во работно време, со што како што е наведено, направила тешки повреди на работните односи и изгубила доверба на работодавачот, соопшти хрватскиот синдикат.

Претседателот на Судот, Дарко Жупанчиќ потпишал вонреден отказ за Ивана Мухар која на 25 април оваа година по психичка растроеност се обидела да изврши самоубиство и притоа се здобила со тешки телесни повреди.

– По обидот за самоубиство во работно време остана незавршена работата што ја презела, чистење на простории на Општинскиот суд во Самобор, се вели во суровото образложение на отказот.

Го потпишал претседателот на судот Дарко Жупанчиќ.

Отказот е потпишан два месеца по обдиот за самоубиство.

Во соопштение од Синдикатот на државни и локални службеници се вели дека вонредниот отказ и е даден заради „посебно тешки повреди од работниот однос и губење доверба“, односно однесување со кое наштетила на угледот на државна служба.

Синдикатот наведува дека несреќната жена која моментно е на лекување, де факто е обвинета затоа што се обидела да изврши самоубиство пред да заврши со чистење на зградата на судот и со тоа изгубила доверба на работодавачот. Поради целиот случај, Синдикатот најави обраќање до министерот за правда. 

03.07.2014 - 18:06
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега