Го закопуваат на денот кога му починал братот - Србија завиена во црно

 

Родителите на Дамир Грубача од Србија кој загина во страотна сообраќајна несреќа се уште не можат да се помират со фактот дека нивното дете заминало на другиот свет. Сопругата на полицаецот кој го загуби животот во сообраќајка која се случи на Ибарската магистрала, не може да поверува дека нејзиниот сакан повеќе го нема.

- Дамир отиде на пат, тој ќе ми се врати, извикувала таа низ солзи, пренесе српскиот Ало.

И родителите на сопругата на починатиот велат дека тој бил добар човек секогаш спремен да помогне на секому: - Беше добар човек, ни беше како син, велат низ солзи.

Полицаецот денеска ќе биде закопан на гробиштата каде почива и неговиот брат, кој го загубил животот на овој ден. 

07.07.2014 - 09:18
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега