Експлозија во воена фабрика во Бугарија - 10 лица повредени
Десет лица се повредени при експлозија што утринава се случи во воена фабрика во бугарскиот град Костенец, јави БТА.
Министерството за одбрана на Бугарија соопшти дека експлозијата се случила при пренесувањето на муницијата. Причините сеуште не се познати.
Седум од жртвите поминале со полесни повреди, а другите тројца имаат исекотини и посериозни повреди и се пренесени на лекување во Военомедицинската академија во Софија.
08.08.2014 - 12:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа