Конгресот на СДСМ зад затворени врати
Започна Конгресот на Социјалдемократскиот сојуз на кој треба да биде избран новиот лидер и новото раководтсво на партијата. На медиумите им беше дозволено присуство од само 30тина секунди, по што вратите се ззатворија, а новинарите останаа надвор. Информации за ткот на Конгресот ќе селектира и брифира само еден претставник на СДСМ.
На денешниот конгрес во игра се тројца кандидати, Зоран Заев, Зоран Јовановски и Кире Наумов. Игор Ивановски вчера се повлече во име на единството. ИЗвори од СДСМ велат дека Конгресот ќе трае долго и не се очекува да заврши пред полноќ.