Сакале да го оженат со сила па... - Босанец направил хаос на својата свадба
Несекојдневна случка доаѓа од босански Сански Мост. Младоженец избегал од венчавката во моментот кога пред матичарот требало да го каже судбоносното „да“.
-Настана општ хаос. Невестата остана со солзи во очите, а по зетот потрча неговиот татко, пцуејќи го и обидувајќи се да го врати пред матичарот, вели еден од сватовите.
Како што пишуваат босанските медиуми, момчето со сила го терале да се ожени со девојка која не ја сакал, а особено на бракот инсистирале неговите родители.
-Тој веќе со години е во врска со друга девојка, а таткото и мајката постојано го наговараа да се ожени со некоја од странство заради „документи“ за подоцна да може да замине од Босна, вели близок роднина на несудениот младоженец.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа