Кандидатот за лидер на СДСМ Јовановски му ја честиташе победата на Заев

 

Зоран Јовановски, еден од кандидатите за лидер на СДСМ на вчерашниот конгрес, денеска му ја честиташе победата на новиот претседател Зоран Заев.

 

- Вчерашниот Конгрес помина во убава, демократска атмосфера, онака како што доликува на една голема, силна и моќна партија. Со тоа се заокружи постапката за избор на претседател на СДСМ, која беше демократска, отворена, транспарентна, и со која се поставија нови стандарди во политичкото функционирање во Република Македонија, вели Јовановски, додавајќи дека биле понудени различни концепти и визии за функционирањето на СДСМ во наредниот период.

 

- Јас во мојот живот никогаш не сум калкулирал, туку сум се однесувал чесно и достоинствено. Така влегов во оваа приказна, така и излегувам. Ќе продолжам и понатаму да се борам за вредностите во кои силно верувам, но отсега тоа ќе го правам на лично, индивидуално ниво. Од денес се враќам во полн капацитет на мојот професионален ангажман, вели Јовановски.

најчитано сега