Го нападнале таксистот, тој извадил пиштол и убил еден од напаѓачите

 

Во самиот центар на Белград ноќеска околу 3 часот таксист со пиштол уби еден од напаѓачите кои го тепале по расправијата околу плаќањето на сметката.

Докторите на местото на настанот констатирале смрт на 37 - годишен маж, додека таксистот, на возраст од околу 60 години, со повреда на главата префрлен во ургентен центар во придружба на полиција, изјави портпаролката на Итната помош, Нада Мачура.

РТС јави дека девојката која со таксито пристигнала пред локалот на улица Кнегиња Љубица, немала пари да плати па го замолила таксистот да ја пушти да влезе во локалот и да ги викне пријателите кои ќе платат наместо неа.

По расправијата, двајца мажи го нападнале таксистот, кој во првата прилика го земал пиштолот од автомобилот и го погодил во гради 37 - годишниот маж. 

 

 

31.08.2014 - 11:58
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега