Бегајќи од полицијата си забил нож во градите

 

По половина час полииска потера, 53 годишен маж си забил нож во градите. Хрватските медиуми ја пренесуваат приказната од Книн каде вчера, полицијата бркала осомничен за оштетување туѓ имот. Кога осомничениот маж од Чаковец видел дека не може да побегне, сам си забил нож во градите.
На местото веднаш дошла Брза Помош која го пренела во локалната болница. Лекарите успеале да го стабилизираат и веднаш го оперирале. Се уште нема информации каква е неговата состојба.

31.08.2014 - 12:11
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега