Уште еден Македонец бесен се врати од Грција
Во текот на вчерашниот ден, на ГП „Богородица“ е пријавен нов случај на украдени регистерски таблички од возило на македонски државјанин. Случајот е пријавен од страна на лицето А.Г. од Скопје во чија сопственост е возило марка „Волво“ од кое биле украдени регистерските таблички. Сопственикот на возилото пријавил дека во периодот 23/24.08.2014 година во туристичкото место Ханиоти, Р. Грција му биле украдени двете регистерските ознаки, по што случајот го пријавил во Грчката полиција.
Со овој нов случај на украдени регистерски таблички бројката на вкупно украдени регистерски таблички за оваа година достигна вкупно дванаесет, а досега регистрирани се и пет оштетувања на регистарски ознаки, со што забележуваме континуитет на проблеми од ваков карактер со кои мошне често се соочуваат македоските туристи во Р.Грција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа