Убеицот на Лука уапсен во Кина
Марко Миличев кој е обвинет дека на 25.јули на Бранков мост во Белгард со своето возило го удрил и усмртил 21-годишниот Лука е уапсен во Кина, дознава српскиот портал Ало.
Миличев наводно на 10.август од белградскиот аеродром Никола Тесла отпатувал во Истанбул, од каде исчезнал на 13.август. Утврдено е дека тој од Турција одлетал во Хонгконг, од каде заминал во централна Кина.
Миличев првиот пат е лоциран на аеродромот во Хонгконг, по што бил скришно следен и уапсен во централна Кина.
01.09.2014 - 18:03
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа