770.000 нови работни места во Грција до 2020

 

Премиерот на Грција Андонис Самарас  вети намалување на невработеноста во Грција, изразувајќи уверување дека до 2020 година ќе бидат отворени 770 илјади нови работни места.

- Невработеноста е најголем непријател бидејќи ги уништува соништата на младите, изјави Самарас на состанок со владиниот совет за вработување.

- Првпат во изминатите 24 квартали постои прогноза за раст на БДП и прогнозираме 770 илјади нови работни места до 2020 година, додаде грчкиот премиер. 

Невработеноста во Грција во мај е намалена на 27,2 отсто, но и таа и натаму е двојно повисока во однос на мајскиот просек во еврозоната од 11,6 отсто.

02.09.2014 - 11:47
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега