Обилни врнежи,грмотевици и град- се приближува нова бура на Балканот

 

Обилни врнежи со силен ветер, грмотевици и град од првиот септемвриски ден не го напуштаат Балканот, и целиот регион е зафатен од страшно невреме, пренесуваат медиумите во регионот.

Од Хидрометеоролошките заводи предупредуваат за уште поголеми временски неприлики. Така што во БиХ е изаден метео-аларм од портокалова фаза, во Хрватска црвен, а во Македонија жолт метео аларм.

 

Во Црна Гора, во приморскиот град Будва наврна најголемо количество на дожд досега, односно наврнале 135 литри дожд на метар квадратен за само шест часа.

Црвениот метео-аларм во Хрватска е издаден поради циклонот „Симеон“, кој го зафати целиот Јадран, па во Дубровник за неполни 24 часа наврнало повеќе од 190 литри дожд на метар квадратен, што одговара на тримесечни врнежи во есенските месеци од годината.

Поради обилните врнежи во Хрвастка се излеа и реката Мура.

 

Стабилизација на времето се очекува од следната недела, а до крајот на неделата Балканот ќе биде под влијание на циклонот, кој кружи над овие земји.

02.09.2014 - 13:46
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега