50 милиони евра за санирање на штетите од поплавите во БиХ
Владата на Муслиманско-хрватската федерација обезбеди сто милиони конвертибилни мари (50 милиони евра) за санација на штетите од катасрофалните поплави од мај, кои на овој ентитет на Босна и Херцеговина му нанесоа штети од околу две милијарди конвертибилни марки, пишува весникот „Независне новине“.
Федералниот премиер Нермин Никшиќ изјави дека обновувањето на објектите е почнато, но предупреди дека тоа ќе трае со години.
Приоритет е граѓаните кои останале без покрив на главата, што е можно поскоро да добијат свои домови.
- Најтешкиот дел ќе биде обезбедување на локации, на кои ќе бидат изградени куќите, во замена за оние кои беа разурнати од свлечиштата, рече Никшиќ, кој говореше на вонредната седница на Долниот дом на Парламентот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа