Неизвесна посетата на Путин на Белград
Посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Белград на 20 октомври, што беше договорена при посетата на српскиот премиер Александар Вучиќ на Москва во јули, не е сигурна и не е официјално потврдена, објави „Блиц“.
- Во дипломатијата Русите никогаш до крај не ги откриваат картите. Путин не ја потврдил официјалната посета. Ако оцени дела може да повлијае на нашите ставови ќе дојде, ако оцени дека не може да влијае, нема да дојде, изјави за „Блиц“ поранешниот амбасадор на Србија во Украина, Душан Лазиќ.
Вучиќ по посета на Русија изјави дека Путин ја прифатил поканата да ја посети Србија на 20 октомври, денот на ослободувањето на Белград.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа