Косовски новинар добива закани дека ќе биде обезглавен
Косовски новинар специјализиран за прашањата на исламот и исламскиот екстремизам изјави дека е објект на закани за обезглавување од страна на верски фундаменталисти на Косово.
- Добив многу закани претежно преку Фејбук, а во некои од нив ми се закануваат со обезглавување, изјави Висар Дурики.
- Се надевам дека полицијата ќе дејствува брзо, бидејќи не се чувствувам безбедно, додаде тој.
Организацијата Репортери без граници во меѓувреме соопшти дека е мошне загрижена поради судбината на Висар Дурики и го повика косовското Министерство за внатрешни работи да го заштити новинарот.
Дурики покрива теми поврзани со верскиот екстремизам. Во повеќе написи тој го опишува начининот, на кој млади косовски граѓани се врбувани да заминат на џихад во Сирија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа