ЕУ ќе врши силен притисок врз Србија поради Русија

 

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ за „Данас“ изјави дека очекува силен притисок на Европската унија за Србија да воведе санкции кон Русија.

Тој наведе дека односот на ЕУ кон српскиот став за невоведување на санкции кон Русија ќе се менува во согласност со интензитетот на судирот во Украина односно со заострувањето на судирите меѓу ЕУ и Москва.

- Зависно од развојот на ситуацијата во Украина така ќе се формира и ставот на ЕУ, посочи Дачиќ.

Тој наведе дека не очекува промена на односот кон Србија со именувањето на новата висока претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.

- Очекувам меѓусебна доверба, разбирање и партнерство, истакна Дачиќ.

04.09.2014 - 10:22
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега