ФОТО: Тага и непребол- семејството и пријателите на 40-дневен помен на убиениот Лука

 

Четириесет деневен помен на Лука Јовановиќ, кој беше убиен на Бранков мост, се одржа денес во 11 часот на градските гробишта.

 

Околу гробот на местото на кое почива Лука неговите родители и пријатели се уште се неутешни поради прераната смрт на 21-годишното момче.  Пријателите и семејството цело време ги држеа рацете околу свеќите, да не ги изгасне дождот кој непрекинато паѓаше, пренесува српски Блиц. 

 

Неговиот татко Бојан, претходо за медиумите изјави, дека неговата најголема желба е пред 40-дневниот помен на неговиот син да биде фатен убиецот.

 

Марко Миличев кој го уби неговиот син е уапсен во Кина и се очекува да биде екстрадиран во Србија. 

04.09.2014 - 14:38
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега