На 12 септември закажана конститутивната седница на косовскиот Парламент
Конститутивната седницата на косовскиот парламент ќе се одржи на 12 септември со почеток во 10 часот. Ова е дoговорено на средбата закажана од највозрасната пратеничка,Флора Бровина, со претстaвниците на демократската партија на премиерот во заминување, Хашим Тачи и претставниците на малцинствата.
Според онлјан изданието на весникот „Експрес“ на сребата не присуствувале претставници на движењето „Самоопределување“ на Албин Курти, како и постизборната коалиција Демократскиот сојуз на Иса Мустафа, Алијасата за иднината на Косово на Рамуш Харадинај и Иницијативата за Косово на Фатмир Лимај.
По вонредните парламентарни избори, одржани на осми јуни, конституивна седница парламентот одржа на 17 јули,кога за претседател на законодавниот дом беше избран Иса Мустафа, но Уставниот суд го поништи истото.
Постизбирната коалиција и понатаму се противи и смета дека нејзе и припаѓа правото да формира нова влада. На предвремените парламентарни избори Демократската партија освои 37 места во парламентот.
Демократскиот сојуз на Косово 30 мандати, движењето „Самоопределување" 16, Сојузот за иднината на Косово на Рамуш Харадинај 11 и Иницијатива за Косово Фатмир Лимај 6, останатите дваесет пратенички места се за малцинствата, од кои десет за српското.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа