Четири месеци живеел во туѓа куќа и постепено го крадел мебелот
Дваесет и четири годишниот М.С. од Нови Пазар четири месеци живее во туѓа куќа без знаење на сопственикот. Тој за тоа време успеал да го изнесе и да го препродаде речиси целиот мебел од куќата.
Крадецот од куќата изнел и продал: комплетен систем за парно греење, бакарни цевки, целокупната санитарија од бањата, како и голем број на парчиња мебел, со што го оштетил соспственикот на куќата за околу 2.000.000 динари.
Никој од соседите не се посомневал дека М.С. е крадец бидејќи тој се однесувал нормално, не се криел и секојдневно престојувал и спиел во куќата.
Тој е разоткриен откако сопственикот на куќата се вратил во Нови Пазар
На осомничениот му е одреден 48-часовен притвор.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа