Секоја чест за овој човек - со инструкции преку телефон, ја породил сопругата во автомобил
Еден Хрват со помош на инструкции преку телефон ја породил сопругата. Оваа неверојатна слука се случила во саботата наутро на мост во Задар. Идната мајка не можела да ги издржи породилните болки и пред да стигне во болница се породила во автомобилот. Сопругот породувањето го извршил со помош на доктор од Брзата помош, кој му давал инструкции по мобилен телефон, додека таму да пристигне амбулантото возило. Кога пристигнале медицинските лица бебето веќе било завиткано во ќебе.
29.09.2014 - 13:52
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа