„Секоја ноќ му се молам на Бога да не отворам очи“ - потресна исповед на мајката чии три деца живи изгореа во пожар
Тага и непребол во семејството Микулчиќ чии деца загинаа во страотен пожар на 17 декември минатата година. Мајкта на 4- годишниот Ненад, 3- годишниот Димитрие и 2 -годишната Маја вели дека секоја вечер се моли на Бога никогаш повеќе да не се разбуди и да оди кај својте чеда.
Од тогаш Мирела има само една цел, а тоа е над пепелта од изгорената куќа да направи мала капела.
-Секоја ноќ ги сонувам како стојат на прагот, а најстариот Ненад ме прашува: Мајко, ќе си дојдеш ли дома? јас морам да се вратам овде, овде се ме врзува за нив, а немам каде. Се радував кога ја купивме куќата преку Канцеларијата за бегалци, сметав дека така имаме покрив над главата, а не како што јас морав, кога побегнавме од Хрватска, со родителите да се селам од куќа до куќа, вели Мирела за српски Курир.
Таа истакнала дека преку ден работела по нивите, а ноќе во кафеана и дека не се срамела од тоа, бидејќи го правела за нејзините деца.
-Кога бев на работа, плаќав жена од соседството кој ми ги чуваше бидејќи таткото не се грижеше за сопствените деца… И сега ме боли кога ме осудуваат оние кои не знаат низ што поминав и низ што поминувам сега. Никој не знае како е во мојата душа, рекла Мирела.
Мајката низ солзи во очите се присетува на својте деца која вели дека покрај себе имала три ангели.
-Не се знаеше кој од кого беше попаметен. Бевме сами, но се боревме и договаравме. Велат: “Ги заклучи и си отиде“. Точно е, но јас со децата се договарав… Се случуваше да отрчам до продавница, но пред тоа се договаравме да не фаќаат ништо и да ме чекаат. Така правевме. Беа паметни и разумни, а посебно најстариот Ненад. Верувајте, поинаку не можевме, вели Мирела и додава дека и други родители ги оставаат своите деца понекогаш на кратко.
Таа додава, дека да знаела дека тоа ќе се случело никогаш немала да излезе од дома.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа