Јагланд ја поздрави одлуката на Белград да се одржи Парадата на гордоста
Торбјорн Јагланд генералниот секретар на Советот на Европа денеска ја поздрави одлуката на Србија да овозможи одржување на белградската парада на гордоста, јави Танјуг.
Српските власти по три години дозволија одржување на парада на гордоста, гарантирајќи слобода на собирање и изразување на припадниците на ЛГБТ заедницата, наведе Јагаланд.
Тој изрази надеж дека овој развој на ситуацијата ќе продолжи и во наредните години.
29.09.2014 - 14:05
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа