Проститутка сум за да завршам факултет
Една студентка од Сараево си ја отвори душата и открва дека своето студирање го плаќа со парите кои ги заработува од проституција. Нејзината приказна започнува кога незјините родители немале пари да ја запишат на факултет, па се пожалила на својте пријатели кои тие на шала и рекле дека со нејзината убавина може да заработува многу пари.
- Првиот клиент беше маж во години. На почетокот ми беше непријатно, бидејќи се згрозував од мислата да бидам со постар маж. Но кога ја направив математиката сфатив дека само од тројца клиенти можат да заработам просечна плата. Сигурна бев дека ова не сакам да го работам цел живот, бидејќи целта ми е да завршам факултет. И така се започна, раскажала 25 годишната девојка, при тоа истакнувајќи дека најчесто клиентите ги нарекуваат девојките со најразлични имиња, а за една вечер плаќаат по 150 евра.
Исто така таа открива дека до нејзините клиенти доаѓа преку посредник, најчести нејзини клиенти се бизнисмени, политичари, познати личности но за имињата не смее да зборува.
-Не сум единствена која на овој начин плаќа за своето школување. За жал има многу девојчиња кои се приморани на истиот чекор. Родителите и пријателите нормално не знаат ништо, додала таа, при тоа велејќи дека смета дека не прави ништо лошо.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа