Како да останам во оваа земја кога тука едноставно пропаѓам?

 

33 годишниот Влатко Бабиќ им се придружи на големиот број млади Хрвати кои ја напуштиле својата татковина. За среќа Влатко решил среќата да си ја побара во Германија. Во редакцијата на index.hr пристигнало писмо од Влатко во кое тој објаснува зошто решил да купи карта во еден правец.   "Моето име е Влатко. Имам 33 години а пред неполни два месеци си заминав од Хрватска. Ова е мојата приказна...  Со години гледав како моите пријатели и познаници заминуваат од Хрватска и среќата си ја бараат во Канада, Германија и Австралија. Иако за дел од нив знаев дека тука имаат тежок живот, сепак не ја оправдував нивната одлука. Се додека не станам еден од нив.  Тој ден седнав во автобус со само една намера. И сакав да бидат истраен во неа, а ниту солзите на моето семејство не ме спречија. Цврсто ја држев картата во еден правец во раце која ми беше знак дека не смеам да се предомислам. Иако толку силно сакав да станам и да ги прегрнам моите родители.

а подобар живот надвор од родната земја размислував многу време. Иако по професија сум новинар, сепак работа никогаш не одбив. Знаев дека во денешно време е многу тешко да се најде работа па прифаќав секакви работи - во пилана, магицини, продавав телефони...Ваквата потрага траеше со години. Работа на црно, за минимална плата, низ сè поминав.   Најтешката одлука во животот беше токму оваа - да заминам од дома. Но друг излез не гледав. Сепак ја обожувам својата земја и сум еден од оние кои не сметаат дека Хрватска ја дефинираат само политичарите и криминалците. Хрватска не се "синовите на тато" кои израснале со злато. Но како да останам во неа кога едноставно пропаѓам? Со 2000 куни не можам да преживеам, не можам да се осамостојам.  Тој ден, до мене во автобусот седеше момче (20 - 25 години) со иста приказна како мојата. Јас во Франкфурт а тој во Дортмунт...и двајцата во потрага по работа. По неколку минути возење сфатив дека сите во автобусот делевме иста приказна, иста мака.

Станот кој стана мојот нов дом го делам со цимер од Словенија кој лани ги напуштил сопругата и децата и заминал на печалба. Сакајќи да им пружи нормално секојдневие, тој денес работи за 15 евра за час. Хрватите заминуваат масовно, а за ваквиот загрижувачки факт никој не пишува. Што е најлошо, заминуваат добро луѓе. Луѓе кои сакаат да работат. Заминуваат разочарани, надевајќи се на добра, вистинска прилика која ќе им овозможи нормален живот. Заминуваат оние кои мораат. Сретнав многу Хрвати кои велат дека ќе се вратат само доколку знаат дека во својата родна земја ги чека нормален живот.  Не сакам да мислите дека за овој месец дена во Германија станав сезналица. Но уживам во љубезноста на овие луѓе, во среденото општество и менталитетот кој е различен од нашиот. Убаво е да се биде негде каде никој не проси и каде знаете дека бројката на гладни луѓе е многу мала. Но исто така убаво е да дојдете дома и да знаете дека сте заработиле некој денар. За прв пат во животот.  Но носталгијата за домот понекогаш може да ви ги скрши коските. Не сакам да размислувам што ќе биде за неколку месеци, години. Кратко време сум овде, а веќе очајно ми недостигаат пријателите, семејните неделни ручеци, гледањето фудбал со другарите....Но најмногу ми недостигаат внуците кога ќе ми кажат "Ајде чичо". Тогаш сфакаш дека ниту едни пари на светот не можат да го надоместат тоа чуство. И пропуштените моменти кои никој нема да може да ми ги врати.... 

 

Влатко Бабиќ

29.09.2014 - 22:50

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега