Трагичен крај на соседската кавга: Рудар убиен пред 4 годишниот син
Рударот Дејан Ускоковиќ (37) од алексиначки Рудник убиен е во саботата навечер, пред очите на неговиот четиригодишен син. Го уби неговиот сосед и пријател Небојша Живковиќ (37).
До крвавата пресметка дошло околу 21.30 на автобуската постројка во близина на Домот на културата во Алексиначки Рудник, а според информациите од полицијата, мотив за судирот бил неподмирен лихварски долг. По злостроството Живковиќ побегнал, а полицијата истата вечер влегла во неговата куќа и го уапсила.
Роднините на убиениот Ускоковиќ, меѓу кои и тројцата негови браќа низ солзи велат дека се огорчени што нивниот брат е случајна жртва на судирот меѓу двајца соседи.
-Нашиот сосед Славиша Д. во саботата го повика мојот брат заедно да гледаат боксерскиот турнир во Рудник. Дејан беше малку поднапиен и спиеше кога го повика Славиша, но сепак одлучи да оди и го поведе четиригодишниот син. По неколку часа Славиша се појави пред куќа и рече: “Помагајте, братот ви е застрелан, раскажува Милан Ускоковиќ, братот на Дејан.
Признал во полиција
Коментирајќи ги мотивите за трагедија, Милан обајаснува дека меѓу Славиша и Небојша имало нерасчистени сметки,
-Се скараа поради пари, а мојот брат сакаше да го одбрани соседот Славиша и така загина - вели Милан Ускоковиќ.
Убиецот на сослушувањето во полиција го признал злостроството, но тврдел дека пукал во самоодбрана.
Убиениот Дејан порано работел во рудникот, а последните неколку години се обидувал да живее од земјоделие.
- Се мачеше да прехрани шест деца, кои сега се без татко. Остана на нас да ги одгледаме и да им го замениме таткото, вели братот на Дејан.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа