Рударот го пронајдоа на роденденот на неговиот син - Србија во црно

 

Не можете ниту да замислите како се чувствувам и низ што минувам...Најтажно ми е што телото на Жељко е пронајдено на роденденот на нашиот син Љубиша. Детето за роденден имаше само една желба, а тоа е да го види таткото. Сега постојано повторува “Татко врати ми се“. Ова за српски Курир со солзи во очите го изјави Вера Лазиќ, сопруга на рударот Жељко Милетиќ од Свилајнац чие тело во ноќта меѓу неделата и понеделникот е пронајдено во јамата „Стрмостен“ во Ресавица. 

Вчера пред влезот во јамата беа родителите на Жељко, братот и снаата, а бидејќи доживејаа голем шок, има давале седативи да се смират. Освен членовите од семејството, пред местото на трагедијата вчера беше и јавен обвинител и претставници на раководството на рудникот. Според надлежните од рудникот до несреќата дошло кога поради непогода се урнал дел од јамата, и паднала врз несреќниот рудар. Извештајот за несреќата напишан од страна на рударски инспектор ќе биде предадена на обвинителството.

Жељко Милетиќ зад себе ја остави невенчаната сопруга и три малолетни деца. 

30.09.2014 - 09:27

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега