Попушти срцето на Санадер

 

Поранешниот хрватски премиер Иво санадер, кој е осуден на десет години зтавор поради корупција и воено профитерство, од вчера се наоѓа во Клиничко-болничкиот центар Загреб - ребро, соопштија денеска хрватските медиуми.

Според весникот „Јутарњи лист“, Санадер бил префрлен во болница откако му се слошило.

Како што потврдија неговите адвокати, врз Санадер лекарите извеле електроконверзија со цел да воспостават нормален срцев ритам.

Електроконверзија или дефибрилација е употреба на електрошок за воспоставување нормален срцев ритам, а се спроведува додека пациентот е во општа анестезија, со цел да се избегне болка за време на употребата на електричен шок.

Најчесто не е потребна хоспитализација, туку пациентот се испраќа на домашна нега, но Санадер вчера бил задржан во болница и не е познато кога ќе биде вратен во затвор, пишува хрватски Индекс.

Санадер веќе некое време не се чувствува добро, а поради проблеми со срцето не присуствуваше на последните неколку рочишта во Жупанискиот суд во Загреб

26.10.2014 - 12:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега