Црногорска НВО го прогласи митрополитот Амфилохие за хомофоб на годината

 

Црногорската невладина организација за правата на геј заедницата „Квир Монтенегро“ го прогласи црногорско-приморскиот митрополит Амфилохие за „хомофоб на годината“.

„Титулата“ ја заработи благодарејќи на гласовите на анкетата на интернет страната на оваа НВО, каде освоил 75 отсто од гласовите.

По објавувањето на изборот, Амфилохие изјави дека со задоволство ја профаќа титулата и оти таа му е едно од „највредните признанија“.

Вчера, на литургија во Подгорица, посветена на семејството и раѓањето деца, Амфилохие најавената геј парада во Подгорица ја нарече „парада на смртта“.

- Парада на самоуништување, парада на убиство, на уништување на човековиот род. Парада на самоубиство, рече Амфилохие, коментирајќи ја најавената за 2 ноември Парада на гордоста.

26.10.2014 - 12:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега