ФОТО+ВИДЕО: Атина под вода

 

Грција во петокот ја зафати силно невреме кое корнело дрва и предизвикало големи поплави.

atina1-500

Поради временските неприлики од ураганот „Гонзало“  службите примиле над 100 повици од граѓани кои останале заробени во своите автомобили или не можеле да се префрлат на безбедно место поради дрвата кои биле паднати на улиците.  Најлоша била ситуацијата во Атина која речиси е целосно поплавена.

atina-500

Ураганот „Гонзало“ настана минатата недела кај Карибите движејќи се потоа кон Бермудските острови, по што го смени правецот на движење кон север преку Атланскиот океан. 

26.10.2014 - 21:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега