„ Жртвите беа Срби“ - потресено сведоштво за трговијата со луѓе во Косово
Припадник на српските специјални сили, кој се претставува како Лазар, за еден порталот изјави за вадењето на органите на Косово и во Албанија.
-Главно жртви беа Срби и Албанци кои не сакаа да учествуваат во војната. На нив им се вадени органите и продавани во Турција и Саудиска Арабија, наведува Лазар.
Тој вели дека жртви биле здрави Срби, млади жени, мажи и деца. Според неговите зборови, тоа и натаму се случува, зошто се уште има киднапирање на Срби на Косово, а во некои случаи и на Албанци. Ги мачеле прво, а потоа им ги вадат органите додека се уште се живи.
Лазар истакнува дека не се работи само за продажба на органи, туку и за киднапирање на деца за продажба како вело робје. Порталот потсети и на репортажата на Дојче Веле за трговијата со органи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа