Државата и го одзема имотот на Сандра Африка

 

Пејачката Сандра Африка прва се најде на удар на даночните инспектори бидејќи постојано се фали со своите автомобили, јахта и скапа облека. Ќе се направи обид да се испита легалност на заработените пари на оваа млада естрадана ѕвезда, која за кус временски период, на тезгите и настапите во странство, успеала да заработи цело богатство од неколку десетици милиони евра.

"Акција за проверката на легалноста на заработените пари на луѓето од естрадата е сеопфатна и во неа се вклучени речиси сите државни институции. Моментално преку даночните служби на земјите од соседството и Европа се проверуваат неколку луѓе од естрадата, односно каде тие имаат пријавено приходи. Една од нив е и Сандра Африка, а таа се најде прва на удар поради тоа што се фалеше во јавноста со куќи, автомобили и јахти, за кои, според проценките на нашите досегашни сознанија, нема покритие во приходите. Секако, таа ќе мора сето ова да го докаже за време на вкрстено споредување на приходите и имотот. Доколку се утврди дека незаконски го стекнала имотот, може да и биде одземен”, вели извор.

06.11.2014 - 14:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега