И Албанците од југот на Србија бараат припојување кон Косово
Јонуз Муслиу бара од Владата на Србија, борците на ОВПМБ да добијат статус на борци, како и право на општините кои се на југот на Србија да се припојат кон Косово.
Градоначалникот на општина Бујановац и иден претседател на Националниот свет на Албанците , Јонуз Муслиу, как што пренесува Прессонлајн.рс, изјавил дека Владата на Србија терба да го признае статусот-борци на припадниците на Ослободителната војска на Прешево, Бујановац и Медвеѓе (ОВПМБ) и референдумот од 1992 година со кој се дава право на општините од југот на Србија да се припојат кон Косово.
-Тоа би било задоволително решение, изјавил тој за „Политика“ говорејќи на албански јазик со преведувач, иако совршено течно зборува српски.
Според неговите зборови, во споразумот на 5-те коалициони партии се наведени начела од кои Албаницте од југот на Србија нема да отстапат.
-Тие начела се јасни: почитување на бобата и борците на ОВПМБ, почитување на одлуката од референдумот од 1992 година, да се користат учебници иклучиво од Приштина или Тирана и да нема никаков компромис за употребата на националните симболи како што се знамето на Албанија, изјавил Муслиу додавајќи деа Албанците не го сметаат српското знаме за свое.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа