ВИДЕО: Возач на познат политичар: Пријди ми пак и ќе те претепам
На Youtube беше поставено видео на кое еден службен автомобил на еден босански политичар претекнува преку полна линија на патот M-18.
Снимката била направена од автомобилот кој ги следел, кој исто така, минува преку полна линија.
Обезбедувањето на политичарот вози "VW Pasat" со затемнети стакла.
Дрскиот возач во еден момент застанува на сред автопат, излегува од автомобилот и му се заканува на мажот кој ја снимал целата ситуација: "Само еднаш ќе ти кажам, пријди уште еднаш и ќе јадеш ќотек", рекол возачот на политичарот, кој пак цело време бил во возилото и очигледно немал намера да реагира.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа