Трагедија го потресе Балканот- камион пред очите на мајката усмрти двегодишно дете

 

Двегодишниот Александар Станковиќ од Хртковац кој вчера околу 11 часот трагично загина, откако на него налета камион „волво“ со кој управуавал бугарскиот државјанин 41-годишниот Ангел Ангелов.

Трагедијата се случила кога детето истрчало на улица пред очите на мајката Јасна и бабата Милка Станковиќ.

-Детето се отргнало од раката на мајката и истрчало на патото. На него тогаш налетал камионот, навеле од полицијата. Како што пренесуваат српксите медиуми на возачот му е одреден 48 часовен притвор.

Соседите сведочат дека бабата и мајката на Александар пред трагедијата биле во пекарата. Тоа го потврдил и дедото на детето Младен Павловиќ.

-Александар во количка го донеле до центарот. Оделе во аптека по лекови, а потоа навратиле до пекарата по бурек. Детето играло пред пекарата и оддеднаш истрчало на улица, вели дедото Милан.

Возачот на камионот се обиде да ја избегне трагедијата, за што сведочат и трагите од кочење. На детето напомош прв му притрчал работник од блиската пекара.

-Слушнав врисок и лелеци! Детето лежеше на асфалтот, додека мајката и бабата клечеа покрај него. Лелекаше и камионџијата. Потоа го ставија во болница и го однесоа во болницата во Шабац. За жал детето почина, рекол очевидец.

Според неговите зборови, пред несреќата детето двапати се оддалечувало од мајката и бабата.

-Беше чучнат и си играше пред пекарата. Двапати го враќавме и го носевме кај мајката зошто сам си одеше од неа. Голема трагедија. Кутрото дете! Дури се зборува дека во еден момент мајката влегла и во еден бутик. Не им е лесно, а ниту на бабата, доадал очевидецот.

Бабата на Александар вчера околу 14 часот во придружба на роднини се вратила во семејната куќа. Изнемоштена од тага и болка, роднините одвај ја извадиле од автомобилот, а потоа паднала пред куќата.

-Немој, мора да бидеш силна - ја тешел роднина. Мајката Јасна, не се вратила во куќата па се претпоставува дека била во полиција за да даде изјава.

Мештанин од Хртковац вели дека на овој дел од патот годишно гинат по четири - пет луѓе.

-Иако училиштето е во близина и има ограничување на брзината на 30 км на час, тоа никој не го почитува. А нема ниту камери, ниту сообраќајни полицајци. Ова е крвав пат, вели тој.

11.11.2014 - 09:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега