Рама денеска во Прешево

 

Албанскиот премиер Еди Рама во рамките на вториот ден од официјалната посета на Србија денеска во Прешево ќе се сретне со политичките лидери, бизнисмени од градот, јави Танјуг.

Се очекува Рама околу 11 часот да пристигне во зградата на општина Прешево, каде ќе се сретне со претседателот на општината. 

Собранието на Општина Прешево ќе одржи вонредна седница на која албанскиот премиер ќе го прогласи за почесен граѓанин на Прешево. 

Според планираното Рама треба да се обрати до граѓаните пред Домот на културата во Прешево. 

Рама вчера во Белград се сретна со српскиот премиер Александар Вучиќ.

11.11.2014 - 10:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега