Влегол во кафеаната и ја убил сопругата- грозоморно убиство го потресе Балканот

 

61- годишниот Јанко С. од Срборан е уапсен поради убиството на неговата поранешна сопруга 45-годишната Милена Ј. и тоа во нејзината кафеана „Моја желба“. Поранешните сопружници се разделиле неодамна и не биле во одбри односи поради нерасчистени сметки.

Јанко ја замолил Милена да излезе надвор и да поразговараат насамо, по што пукал во неа.

-Јанко мртов ладен влезе вo кафеаната со пиштолот во раце и рече „Ја убив, повикајте полиција“, велат сведоците кои во моментот на убиството биле во „Моја желба“.

Таа починала на пат кон болницата, а за тоа време Јанко отишол дома и мирно је чекал полицијата. На него му е одреден 48-часовен притвор.

Милена и Јанко имале две малолетни деца, а Милена зад себе оставила уште една ќерка од претходниот брак.

11.11.2014 - 10:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега