Рама: Голема Албанија е застарен мит

 

 

 

Албанскиот премиер Еди Рама, во интервју за Б92 вели дека Голема Албанија е застарен мит за кого не се залага ниту еден албански политичар. 

- Нашиот проект е Голема Европа со Србија и Албанија. Голема Албанија е застарен мит кој нема никаква врска со нас. Покажете ми барем еден доказ за тоа во мојата кариера или кај кој и да е друг албански политичар, што би докажало залагање за Голема Албанија, изјави Рама

Како што вели Рама, зачуден е од фактот дека некој во Србија бил провоциран од ставот дека Косово е независна држава, одделна од Албанија.

- Мене ми е фасцинирачко тоа што вас ова ве провоцира. Тоа не е нешто што јас сум го сонувал, тоа е реалноста. Многу држави со кои Србија соработува, го признаа Косово како независна држава. Би било добро и Србија да ја признае таа реалност. Ова не е за навредување или богохулење, туку реалност, нагласи Рама.

Тој додава дека е убеден оти Албанија и Србија можат да отворат ново поглавје во меѓусебните односи.

- Јас затоа сум тука. Јасно ми е дека не мора и не може да се согласиме околу се. Изнесов неколку работи околу кои постои несогласување. Секако, треба да се земат предвид и српските ставови, вели Рама во интревјуто.

11.11.2014 - 14:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега