„Не ми исплаќаат добитен тикет од 21.500 денари“ -како кладилниците ги лажат играчите

 

Жител на Белград не може да ги добие своите 40.000 динари (околу 21.500 денари) за својот уплатен и добитен тикет и покрај тоа што го погодил бројот на жолти картони на еден оеч во англиската Премиер Лига.
Имено на тикетот уплатен на 3 ноември тој типувал дека намечот Кристал Палас - Сандрленд ќе има најмалку 4,5 жолти картони.
Мечот завршил со 5 жолти картони но обложувалницата Моцарт во Белград, каде што го уплатил тикетот не сака да му ги исплати парите бидејќи еден од играчите заработил два жолти картони и тоа тие го сметале како црвен картон.

Човекот се јавил и на бројот за рекламации, но ниту таму не добил никаква помош, објаснувајќи му дека кладилницата исплаќа според резултатите кои ги објавува сајтот на Премиер лигата на кој стои дека на мечот се покажани три жолти и еден црвен картон.
Ова правило обложувалницата не го навела во својот правилник, но играчот, нема начин како да ги наплати парите.

11.11.2014 - 22:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега