Шешељ денеска ќе пристигне во Србија

 

Лидерот на српските радикали Воислав Шешељ денеска околу 13 часот треба да слета во Белград. На аеродромот ќе го пречека семејството и потесното раководство на партијата, пренесува весникот „Блиц“. 

Официјална церемонија за добредојде, што веќе е пријавена во полиција, ќе се одржи во сабота на Плоштадот на републиката. 

Шешељ е обвинет за воени злосторства над Хрвати и Бошњаци во Хрватска и Босна и Херцеговина и над Хрвати во Војводина. 

Во 2003 година тој доброволно се предаде на Хашкиот трубунал. Во текот на судскиот процес Шешељ често имаше испади во судницата, а поради објавување имиња на заштитени сведоци, беше обвинет за непочитување на судот. 

Шешељ е пуштен на привремена слобода поради влошената здравствена состојба

12.11.2014 - 09:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега