"Ме фати паника мислев дека нема спас" - се огласи девојката од БМВ-то на смртта

 

Не можев да излезам, изгубил надеж дека ќе се спасам. Тогаш Душан ја отвори мојата врата. Вака 18-годишната Милица Јоциќ опишува што се случило во БМВ-то на смртта кое влета во Дунав и однесе три млади животи во смрт.

Тинејџерката која уште се опоравува од шокот од страотната несреќа во која си ги загуби најверните другари, на сослушувањето во Судот раскажала низ каква голгота поминале кобната ноќ кога паднаа со автомобилот во Дунав, пренесе српскиот Курир.

- Бевме во кафуле во центарот на градот, испивме неколку пијалоци. Немаше место за сите во автомобилот, па кога решивме да си одиме, па Милош предложи тој да се вози во багажникот. Јас седев на местото на совозачот, вели таа.

Милица со солзи во очите додава дека во автомобилот сите биле весели, пееле и се забавувале со гласна музика.

- Следно на што се сеќавам е дека паднавме во вода. Настана паника. Се обидував да ја отворам вратата, но не можев. Ме фати паника, мислев дека нема надеж. Тогаш Душан успеа да ја отвори мојата врата и излеговме, вели таа и додава дека не можеле да ги спасат другарите.

Оваа несреќа дефинитивно ја зави Србија во црно иостави три семејства без своите деца.

 

 

Оцени ја веста

12.12.2014 - 09:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега