Чурлиновски: Наследивме вистински хаос во општината, а сега направивме едно успешно и перспективно Валандово
На првиот денешен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Валандово пред граѓаните се обрати кандидатот за градоначалник, Николчо Чурлиновски. Тој ја побара довербата од граѓаните за да продолжат започнатите визии за изградба на модерна општина, општина во која на прво место ќе дојде вредноста на граѓанинот.
Тој кажа дека по четврти пат ја прифатил номинацијата за градоначалник на Општина Валандово, а ги напомена и причините.
-Ја почитував волјата и барањето на мојата партија ВМРО-ДПМНЕ и на членството и на симпатизерите во општината. Се надевам дека тоа е израз и на волјата на сите правилно определени граѓани кои ги следат резултатите од моето работење во изминативе три мандати, а особено на оние граѓани кои се партиски неоределени, изјави Чурлиновски.
Тој кажа дека смета дека заслужува да продолжи да ја води општината и да ги реализира проектите од својата програма, за која уверува дека е сеофатна, реална, остварлива, просперитетна и која нуди решенија од сите области на опшстественото живеење во Валандово.
-Во изминатиот период покажавме и докажавме дека успесите се достижни. Се разбира за нивно постигнување потребни беа труд, време и пред се финансиски ресурси. Сите тие постигнати резултати и успеси се уште поголеми, кога се заслужени и кога се вреднувани од пошироката заедница, од вас граѓаните. За мене како човек и како градоначалник, огромно значење имаше поддршката која што ја добивам од вас, моите сограѓани кои беа предизвик за реализирање на проиктети кои рековме дека ќе ветивме дека ќе ги исполниме, изјави Чурлиновски.
Тој кажа дека цврсто верува дека со начинот на работа успеале да ја направат Општина Валандово убаво место за живеење. Тој напомена дека и гледајќи наназад гледа дека сега во општината се поставени нови стандарди на работа.
-Со мудрост, со чесност, со работа, обединети и сплотени, сакам заедно со вас да продолжиме во создавањето на нови дела и вредности, за нас и за нашите семејства, изјави Чурлиновски.
Тој кажа дека конструкциите со кои се служат политичките ривали не се својствени за нив, дека не бираат цена како да дојдат на власт. Тој кажа дека конструкциите со кои се служат против него се врв на немоќ.
-Наследивме општина во тотален хаос или едноставно кажано немавме општина, општина која ја немаше на картата на државата, а сега зборуваме за респектирана општина Валандово, зарем треба да го вратиме стариот сјај, јас не сакам. А зошто? Агропромет, Ватекс, Шести ноември, Анска река, раскрчмени, украдени, уништени и без пари продадени. Уништени семејства кои бараа излез од Македонија, меѓутоа не со бугарски пасош, туку како бегалци од Општина Валандово, изјави Чурлиновски.
Тој кажа дека прашањето зошто се кандидира заслужува искрен и чесен одговор.
-Се кандидирам зошто го сакам мојот дом Валандово, се кандидирам зошто ги сакам моите соседи, пријатели, сограѓани, затоа што знам дека заедно со вас можам да заокружам еден успешен период во обновата и изградбата на перспективно Валандово. Затоа што ме прави неизмерно среќен кога на децата им ги подобрувам условите во училиштата и градинките, изјави Чурлиновски.
Тој спомена уште многу проекти што го прават среќен кога ги прави. И кажа дека тој заедно со советниците покажале како се работи во тешки времиња.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа