Заев: Целокупниот капацитет го ставаме на располагање на граѓаните, така ќе биде и во Пробиштип
Законот за стечајните работници го донесовме, а почна подготовката за законот за рударите поради тоа што е навистина важен за Пробиштип, истакна вечерва лидерот на СДСМ и Коалицијата „Живот во Македонија“ Зоран Заев од митингот во Пробиштип.
- Се што постои како капацитет, ресурс и памет ќе биде ставено на располагање на граѓаните на Македонија, вклучително на граѓаните на Пробиштип. Владата има смисла од постоење само заради вас граѓаните. Новата општина на чело со Драган Атанасов - Ладич, потенцира Заев.
Најголемата болка и горчина, како што рече, е празнењето на Македонија од младите луѓе, нивното заминување. Според него, мора да се направи нешто за младите да останат во државата.
- Целта е секој млад човек што сака да оди на магистратура и докторат, државата директно ќе му помогне финансиски. Секој друг млад човек, кој што бара работа, а е невработен, завршил образование може да побара работа насекаде,каде било во приватниот сектор, а притоа газдата или директорот да не мора за првата година да му обезбеди плата. Државата обезбедува бруто плата за првата година, за секој млад човек да тргне на работа, информира Заев во Пробиштип.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа