Во Струмица до 10 часот гласале 9,3 отсто избирачи

 

До 10 часот во Струмица, според Општинската изборна комисија, правото на глас го искористиле 9,3 проценти од избирачите.

Како што изјави претседателот на комисијата Александар Чеботарев, засега гласањето се одвива мирно и без инциденти.

- Гласањето на сите 83 избирачки места почна точно во седум часот. Досега се се одвива мирно и без проблеми. Очекуваме така да биде и до крајот на избирачкиот ден, рече Чеботарев.

Во општина Струмица 49.235 избирачи имаат право да го дадат својот глас за двајца кандидати за градоначалници и за две советнички листи.

Вчера правото на глас можеа да го искористат 218 болни и изнемоштени лица.

Се гласа и во руралните општини во струмичкиот регион.

Во Босилово гласаат 12.318 избирачи на 19 избирачки места, за двајца кандидати за градоначалници и за две советнички листи, во Василево 10.437 гласачи може да се определат за двајца кандидати за градоначалници и три советнички листи, на 19 избирачки места, додека во општина Ново Село за тројца кандидати за градоначалници и две советнички листи, своето граѓанско право може да го искористат 11.452 гласачи на 20 избирачки места. 

 

 

 

15.10.2017 - 12:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега