Прекршување на изборниот молк во Шуто Оризари
Прекршување на изборниот молк во Шуто Оризари.
Камерата на Алфа забележала маса со рекламен материјал на политичка партија спроти избирачко место, но поради изборниот молк името на партијата не може да се соопшти до 19 часот.
Според заклучениот Избирачки список на Државната изборна комисија, право на глас во Шуто Оризари имаат 23.289 граѓани
Гласачките места пак во општина Арачиново се отворени навреме и засега процесот на гласање се одвива без инциденти.
Избирачите места се отворени во 7 часот, а избирачкиот материјал бил навреме дистрибуиран.
Граѓаните на Арачиново кои денес излегоа да гласаат беа задоволни рекоа дека поддршка дале за нив, најдобриот кандидат. Тие имаат големи очекувања по изборите.
Според заклучениот Избирачки список на Државната изборна комисија, право на глас во Арачиново имаат 9336 граѓани на 13 избирачки места.
15.10.2017 - 13:14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа