Во Струмица до 13 часот гласале 26,7 проценти

 

До 13 часот во Струмица, според Општинската изборна комисија, правото на глас го искористиле 26,7 проценти. Според претседателот на комисијата, Александар Чеботарев, засега гласањето се одвива мирно и без инциденти, на сите 83 избирачки места.

Во општина Струмица 49.235 избирачи имаат право да го дадат својот глас за двајца кандидати за градоначалници и за две советнички листи.

Вчера, своето право на глас, можеа да го искористат 218 болни и изнемоштени лица.

Се гласа и во руралните општини во струмичкиот регион.

Во Босилово гласаат 12.318 избирачи на 19 избирачки места, за двајца кандидати за градоначалници и за две советнички листи, а до 13 часот излезнаоста изнесува 15 отсто.

Во Василево, 10.437 гласачи може да се определат за двајца кандидати за градоначалници и три советнички листи, на 19 избирачки места, а до 13 часот, гласале 21 процент од запишаните гласачи.

Во општина Ново Село за тројца кандидати за градоначалници и две советнички листи, своето граѓанско право може да го искористат 11.452 гласачи на 20 избирачки места, а од нив, до 13 часот на гласање излегле 21 процент.

 

 

 

15.10.2017 - 14:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега