Првични резултати на ДИК: СДСМ води во 37 општини, ВМРО-ДПМНЕ во 15, ДУИ во четири
Според првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија на својата веб страница, кандидатите за градоначалници на СДСМ водат во 37 општини, на ВМРО-ДПМНЕ во 15 општини, а на ДУИ во четири.
По преборени 14,22 отсто од гласовите, во Битола води Наташа Петровска со 61,98 отсто во однос на Зоран Илиоски со 32, 81 отсто, во Богданци води Блаже Шапов од СДСМ со 65,83 отсто во однос на Никола Роглев - 32,66, а во Гевгелија води Сашо Поцков од СДСМ со 56,67 отсто во споредба со Иван Франгов од ВМРО-ДПМНЕ со 39,76 проценти. И во Куманово води Максим Димитриевски од СДСМ со 62,64 во споредба со Зоран Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ со 28, 06.
Во Велес засега во благо водство е кандидатот на СДСМ Аце Коцевски со 48, 98 во однос на Славчо Чадиев од ВМРО-ДПМНЕ со 46,27, а израмнето е во Ѓорче Петров меѓу Александар Наумовски од СДСМ и Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ.
Во Гази Баба во благо водство е Тони Трајковски од ВМРО-ДПМНЕ со 49,03 во однос на Борис Ѓорѓиевски од СДСМ - 44, 75, а во Штип води Илчо Захариев од ВМРО-ДПМНЕ со 60 проценти во однос на Благој Бочварски од СДСМ - 33.
Во Тетово, Теута Арифи води со 29,54 во споредба со Биљаљ Касами од БЕСА со 26, 52.
За другите општини засега нема објавени податоци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа