МОСТ информираше за неправилностите на Локалните избори
Голем број изборни неправилности и нерегуларности беа нотирани во текот на гласањето вчера. МОСТ во својот извештај нотира прекршување на изборниот законик, како што е непочитување на постапка на гласање и рекакција од страна на избирачките одбори.
Според потврдените информации, дојавени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, до 17.30 часот вчера беа забележани следните неправилности на гласачките места:
Непочитување на постапката на гласање и реакција од страна на избирачките одбори
• ГМ 0445, с. Градец, општина Врапчиште, претседателот на ИО стоел зад параванот додека луѓето гласааат.
• Забележано е семејно гласање во гласачките места 0440, 0445 и 0447, во општина Врапчиште – вкупно 20 случаи во кои биле злоупотребени 44 гласови.
• ГМ 0951, општина Крива Паланка, гласањето било прекинато 1 час поради тоа што ИО увидел дека недостигаат 2 ливчиња во кочанот со гласачки ливчиња за избор на градоначалник. Била повикана и ОИК која им дала инструкција да откинат 2 ливчиња од кочанот за избор на совет и да ги стават во гласачката кутија. По затворањето на гласачкото место ќе утврдат за што станува збор.
• ГМ 1124, с. Слупчане, општина Липково, УВ ламбата не се користела во периодот од 16:45 па се до затворањето на гласачкото место.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа