Демир Капија оди во втор круг - ова е разликата во гласови меѓу двајцата кандидати
Демир Капија оди во втор круг од локалните избори, разликата меѓу двајцата кандидати за градоначалник е 72 гласа, информираше денеска Стојна Топчиева, претседател на Општинска изборна комисија.
– Кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ и коалицијата Лазар Петров освои 1.419 гласа, а Трајче Димитриев од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери доби 1.347 гласа. Гласаа 2.868 избирачи, а излезноста беше 84.25 отсто, соопшти Топчиева.
Кога се во прашање листите за советници, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата добија 46.27 отсто од гласовите и четири советнички места, а СДСМ и коалиционите партнери 49.90 проценти и пет места за советници.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа