Тарчуловски: Борбата за Кисела Вода продолжува - лавот наш гордо да се вее

 

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Кисела Вода, Јохан Тарчуловски, им се обрати на своите гласачи преку Фејсбук. Извесно е дека втор круг ќе има во Кисела Вода. Според податоците во оваа општина, тесна е разликата меѓу Филип Темелковски од СДСМ кој има 49,67 проценти и Јохан Тарчуловски од ВМРО-ДПМНЕ со 45,27 проценти.

„Кога било најтешко сме биле најјаки, кога се губело со инает и непокор сме се враќале од многу битки. Но, едно нешто не сме направиле. Никогаш, ама баш никогаш не сме се ПРЕДАЛЕ. Борбата за Наша Кисела Вода започнува, јако до крај за ВМРО-ДПМНЕ, за ЛАВОТ наш гордо да се вее. Ќе победиме браќа!“, напиша Тарчуловски.

 

 

 

18.10.2017 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега